Поповски се сретна со Нимиц во Њујорк

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски во Њујорк се сретна со посредникот во грчко-македонскиот спор Метју Нимиц.

„По согледувањата и разговорите кои денеска ги имав потврден е нашиот впечаток дека во наметнатиот спор со името имаме една релативно јасна ситуација на една страна која во континуитет ги почитува преземените обврски, се залага за надминување на спорот и сака да се придвижи тој процес во духот на она што би сакале да го видиме како европска заедничка перспектива на сите земји од нашиот регион и друга страна која во континуитет ги прекршува преземените обврски, не дејствува во правец на негово надминување и едноставно чека да помине времето за следниот европски Совет со определен комфор да го одбегне носењето на формална одлука за почеток на преговорите со Европската унија за Република Македонија. Тоа е реалноста и мислам дека го одразува заложувањето и почитувањето на преземените обврски од двете страни во овој спор“, изјави за МИА министерот Попоски по средбата со Нимиц.

Шефот на македонската дипломатија синоќа во Њујорк разговараше за прашањето за името и со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.