Блатер во посета на Белград

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер денеска изјави дека Светското првенство во фудбал за играчи до 20 години, ќе се игра од наредната недела во Турција, како што беше планирано. Првенството ќе се игра во 7 градови во Турција, а учествуваат 24 репрезентации и покрај веќе двонеделните анти-владини демонстрации во таа земја. Блатер изјави дека ФИФА е во контакт со турските власти и оти тие гарантирале дека се ќе биде во ред. Инаку, Блатер денеска беше во посета на Белград каде што најави дека од наесен би можело да се најде решение и младите фудбалери од Косово да можат да играат меѓународни натпревари. Блатер разговараше со српскиот премиер Ивица Дачиќ.