Нестор бара обединување на македонците на изборите во Албанија

Македонци - Голо Брдо

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција го имаше своето второ пет минутно преставување на албанската државна телевизија, во кое злагањата на партијата ги презентираше Валентина Нестор, кординатор на жените на МАЕИ и носител на листата за регионот на Корча.
Таа ги повика македонците во Албанија да се обединат и да гласаат за неа и за Македонска алијанса, која како што рече таа, се залага за унапредување на правата на сите Македонци во Албанија.