Русија - „Марш против џелатите“ на Болотнаја

Руската опозиција и активистите за човекови права организираат протестен марш во Москва кој се совпаѓа со официјалната прославата на Денот на Русија.
Според организаторите, таканаречениот „Марш против џелатите“, има за цел да ги подржи активистите уапсени за учество во протестите кои се одржаа во пресрет на инаугурацијата на претседателот Владимир Путин минатата година кога го доби третиот мандат.
Демонстрантите планираат марш кон московскиот плоштад Болотнаја, каде што протестите на 6 мај 2012 година, завршија со насилство. Дванаесет опозициски активисти беа изведени пред суд во почетокот на месецов. Тие беа обвинети за поттикнување "масовни немири" на протестите. Московските власти дадоа дозвола за максимално присуство на маршот до 30.000 луѓе.