Борче Давитковски претседател на Комисијата за 24 декември

Борче Давитковски, актуелен декан на правниот факултет Јустинијан Први е избран за претседател на Комисијата која што ќе ги истражи настаните од 24 декември, се наведува во одвоените соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, но со ист текст.

Во соопштенијата се наведува дека за претседател е избран домашен експерт кој е високо почитуван во професијата и јавноста.

„Очекуваме Комисијата ефикасно да работи и брзо да излезе со свои заклучоци за спорните настани“, се наведуваа во соопштенијата.

Според партиите ова е основа за нормализирање на политичкиот дијалог во Македонија и нов поттик за евроинтегративниот процес во земјава.