Министерот за одбрана на Хрватска во посета на Македонија

Министерот за одбрана на Хрватска, Анте Котромановиќ.

Министерот за одбрана на Хрватска, Анте Котромановиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија. Во рамките на посетата, во Министерството за одбрана, хрватскиот министер за одбрана ќе оствари средба со министерот за одбрана на Македонија, Талат Џафери, а ќе се реализира и заедничка средба на делегации од двете земји, соопштуваат од македонското министерство за одбрана. Според агендата предвидено е министерот Котромановиќ да се сретне и со премиерот Никола Груевски.