Временска прогноза - дождливо и посвежо

Одразот на споменикот Воин на коњ во Скопје се гледа во вирче на плоштадот Македонија по дождот.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд. Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во источните делови врнежите ќе бидат пообилни. Температурата се движи од 18 до 27 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен локален дожд и со умерен до засилен северозападен ветер. Температура ќе се искачи до 24 степени.