Повлекување на австриските мировници од Голан

Австрија денеска го започна повлекувањето на нејзините војници од составот на мировната мисија на Обединетите нации на Голанската Висорамнина, односно демилитаризираната зона меѓу Израел и Сирија. Во мисијата од илјада мировници, 380 се австриски војници, а Виена реши да ги повлече откако во минатата недела таму имаше борби мешу сиријските бунтовници и силите на режимот на претседателот Башар ал Асад.