Двајца убиени полицајци во престрелка во Дагестан

Двајца полицајци биле убиени, а уште двајца ранети во престрелка во руската република Дагестан. Според дагестанското Министерство за внатрешни работи, 6-мина полицајци биле нападнати од милитанти во дистрихтот Новолак, во близина на границата со чеченија, а во престрелката биле убиени и двајца од напаѓачите.