Експлозија во центарот на Дамаск, 14 загинати

Сиријската државна телевизија јави дека двајца бомбаши самоубијци предизвикале експлозии во центарот на Дамаск, при што најмалку 14 лица загинале, а 30-тина биле повредени. Сиријски активисти ја потврдија информацијата за експлозијата, но прецизираа дека била предизвикана од подметната бомба на плоштадот. Државната телевизија прикажа и снимки од местото на експлозијата каде што се гледаат уништени возила и брза помош која им помага на повредените. Во Дамаск зачестија самоубиствени и бомбашки напади врз владини објекти.