Раселените Косовци не сакаат да се вратат на Косово

Коник

Само 870 од околу 11.000 раселени лица од Косово, кои во моментов живеат во Црна Гора, изразиле желба да се вратат во Косово, соопштено е денеска во Подгорица.
Црногорскиот министер за социјални грижи Предраг Бошковиќ и министерот за заедници и враќање во владата на Косово, Далибор Јефтиќ, го посетија бегалскиот камп во населбата Коник во Подгорица, во која главно се сместени Роми.
Повеќето раселени, како главна причина за тоа што не сакаат да се вратат во Косово, го наведуваат прашањето на безбедноста. Јефтиќ на новинарите им кажа дека моменталната ситуација во Косово е подобра отколку во претходниот период и дека на раселените таму би им било подобро отколку во кампот.