Во Скопје се одржа средба Вељаноски - Мињон

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска и утре е домаќин на претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Жан Клод Мињон. На денешната средба, Вељаноски и Мињон разговарале за актуелната политичка состојба, за завршените локални избори и на Рамковниот договор, соопшти кабинетот на Вељаноски. Мињон се среќава со координаторите на пратеничките групи, а утре ќе има обраќање во Собранието и ќе се сретне со државниот врв.