Иран: нема дисквалификуван претседателски кандидат

Хасан Рохани

Иранските власти ги негираа медиумските извештаи дека се разгледувала дисквалификација на еден кандидат од претседателските избори што треба да се одржат на 14 овој месец. Портпаролот на иранскиот Совет на чувари на Уставот Али Кадодеи изјави дека немало планови за преиспитување на квалификацијата на сите осум кандидати за претседател. Советот на чувари е составен од свештеници и судии со право да решава дали некој од кандидатите е во согласност со исламските вредности. Иранските медиуми вчера јавија дека Советот го дисквалификувал Хасан Рохани бидејќи ја критикувал иранската нуклеарна политика. Во меѓувреме, претседателот на иранскиот парламент Голам Али Адед ја повлече својата кандидатура, без да образложи зошто тоа го сторил.