Напад врз конвој на НАТО во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека конвој камиони за снабдување на НАТО во Авганистан бил цел на денешниот напад во северозападниот дел на Пакистан. Се прецизира дека при нападот загинале шестмина возачи на камионите. Одговорноста за нападот ја презеде „Армијата на Осама“, организација која се појави во минатиот месец. Пакистан е главна транзитна рута за НАТО силите во Авганистан.