Самарас: коалициската влада е спас за земјата

Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас ја нарече коалициската влада со која тој раководи како „спас за земјата“.Пред сопартијците во Солун по повод претстојниот Конгрес на партијата Нова демократија, Самарас изрази оптимизам дека Грција ќе се справи со кризата, упатувајќи остри критики на адреса на лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас, истакнувајќи дека народот ќе му „одреди тотална изолација“. Самарас рече дека единствената темна дамка во последните години во Грција е појавата на неонацистите, алудирајќи на „Златна зора“.