Нови приведувања во Турција заради пораки на Твитер

Турската полиција привела 13 луѓе кои преку Твитер организирале, јави Си-Ен-Ен Турк. Тие биле приведени во градот Адана, а меѓу нив имало и две жени. Тие биле на информативен разговор во полиција по што денеска биле изведени пред истражен судија. Во минатата недела над 30 луѓе беа приведени во Измир, бидејќи на социјалните мрежи поттикнувале непријателства и омраза. Подоцна, тие биле ослободени.