Убиени напаѓачите на аеродромот во Кабул

Талибански бунтовници денеска извршиле напад во близина на главниот аеродром во авганистанскиот главен град Кабул. Властите соопштија дека по неколку часовна пресметка сите напаѓачи биле убиени од авганистанските безбедносни сили. Се прецизира дека во нападот учествувале седуммина талибанци и оти немало убиени или ранети меѓу војниците и цивилите. Претходно талибанците соопштија дека нападот имало за цел само војници на НАТО. На кабулскиот аеродром е седиштето на командата на НАТО силите во Авганистан.