Бунтовниците го нападнаа аеродромот во Кабул

Пукотници и експлозии биле пријавени на главниот меѓународен аеродром во авганистанскиот град Кабул. Полицијата соопшти дека бунтовниците започнале напад рано утрово и превзеле една зграда во близина на аеродромот. Тројца бунтовници се убиени, а се верува дека уште тројца се наоѓаат во зградата. Авганистанската полиција соопшти дека во инцидентот биле ангажирани и безбедносните сили. Извори од НАТО коалицијата информираат дека и меѓународни сили биле инволвирани во акцијата со цел смирување на ситуацијата. Аеродромот е мсетото каде што меќудругото се наоѓаат и седиштата на НАТО штабот. Последниот напад на талибанските милитанти се случи на 24 мај кога тие започнаа координирана акција врз комплексот на Меѓународната организација за миграција.