Надал осми пат победник на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е победник на Отвореното првенство на Франција, што се играше на терените на Ролан Гарос во Париз. Тој во финалето го победи неговиот сонародник Давид Ферер со 3:0 во сетови (6:3, 6:2, 6:3). Ова беше осма победа на Надал на овој Грен слем турнир.
Во женското финале, вчера Серена Вилијамс ја совлада Марија Шарапова со 2:0 во сетови.