Инциденти на ирачко-сириската граница


Еден чувар е убиен, а двајца се ранети при напад на сириските бунтовници врз два ирачки гранични премини. Караулите биле поставени на два километри оддалеченост од границата меѓу Сирија и Ирак. Сириската страна од граничниот премин останува под контрола на владата на претседателот Башар ал-Асад, но во последните неколку месеци бунтовниците се обидуваат да ја преземат контролата. Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека планираното повлекување на некои мировници на ОН покажува дека израелските сили може да да ја зачуваат безбедноста. Неговиот коментар следи откако Австрија најави дека се повлекува од мисијата на ОН откако сириските бунтовници накратко го зазедоа граничниот премин во близина на границата со Израел.