Турската владејачка партија подготвува алтернативни митинзи

Турската владејачка Партија на правдата и развојот ќе организира митинзи на свои симпатизери против протестите за паркот Гези. Ова било одлучено на седницата на Извршниот комитет на партијата под раководство на турскиот премиер, во кое учествуваа лидери и министри на партијата. На седницата била разгледана ситуацијата во врска со протестите и било констатирано дека зад организацијата на протестите стојат надворешни сили, чија цел е да се ослабе Турција. Засега се уште е рано да се зборува за предвремени избори, ситуацијата не го наложува тоа, изјави вицепремиерот Бекир Боздаг.
Одлучено било дека нема потреба да се прави референдум за проектот за паркот Гези, а исто така дека таму нема да биде изграден трговски центар, но ќе се реставрира османска касарна наречена Топчу кашласи, против што исто така протестираат луѓето во Истанбул.