Расте бројот на сириски бегалци во Либан

Високиот комесар за бегалци на ОН соопшти дека бројот на сириски бегалци во Либан се зголемил за 11 000 лица за една недела. Во извештајот на агенцијата се наведува дека УНХЦР официјално регистрирал 437 000 бегалци, додека 73 000 од нив чекаат да им заврши процедурата за регистрирање. Регистрираните бегалци имаат обезбедена помош од ОН, либанската Влада и други невладини организации. Неодамна Либан го повика Советот за безбедност при ОН и меѓународните донатори да им помогнат поради големиот прилив на сириски бегалци. Се очекува до крајот на годината бројот на бегалци во Либан да достигне еден милион.