Карзаи во посета на Катар

Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи е во посета на Катар, на разговори со официјални претставници во врска со можноста оваа земја да биде домаќин на идните мировни разговори меѓу Кабул и Талибанците. Карзаи денеска пристигна во Доха откако неодамна го одобри предлог на Талибанците да отворат канцеларија во Доха, велејќи дека тоа би можело да ја отвори вратата за "директни контакти" помеѓу Кабул и бунтовниците. Порано, Талибанците одбиваа да разговараат со владата на Карзаи, нарекувајќи го марионета на Соединетите Држави. Авганистанскиот претседател изјави дека каков и да е мировниот процес тој ќе зависи од тоа кој ќе ги застапува Талибанците и притоа ќе осигура дека Карзаи ќе ја има главната улога. Силите предводени од НАТО планираат да ги повлечат своите борбени сили од Авганистан до крајот на 2014 година.