Судири во Либија, над 28 мртви

Најмалку 28 лица загинале, а 60 се повредени во судирите меѓу две различни групи во градот Бенгази во Либија. Судирите избиле помеѓу припадници на единиците составени од поранешните либиски бунтовници и нивните противници. Агенциите јавуваат дека десетици демонстранти се обиделе бригадата „Штит на Либија„ да ја иселат од нивните касарни, што пак предизвикало конфликт меѓу двете групи. Демонстрантите изјавија дека сакаат да ги истераат од Бенгази припадниците на поранешните либиски бунтовници. Тие апелираат до државните сили за безбедност да ја преземат контролата над градот.