Кина и САД се договорија за поголема соработка и отвореност

По завршувањето на дводневните разговори, американскиот претседател Барак Обама и кинескиот претседател Кси Џинпинг се согласиле за "поголема отвореност" во меѓусебните односи. Двете страни се согласили да соработуваат во трговијата, економијата, инвестициите и енергијата.
Кинескиот државен советник, Јанг Јиечи изјави дека Кси и Обама се согласиле дека Кина и САД ќе ги подобрат и развиваат и воените односи. Обама го покренал и прашањето за наводите на САД дека кинеските сајбер нападите се насочени кон крадење на американските државни тајни. Јанг изјави дека Пекинг сака соработка со САД, а не препукувања околу сајберзаштитата.
Ова беше прва средба меѓу лидерите откако Кси ја презеде функцијата во март годинава.