Руската полиција приведе повеќе од 300 муслимански верници

Полицијата во Москва уапси повеќе од 300 луѓе во соба за молење на Муслиманите во рускиот главен град, вклучувајќи и 170 странци. Не соопшти зошто луѓето биле приведени. Полициски извори информираат дека била конфискувана исламистичка литература за да се провери дали има екстремистичка содржина. Според агенцијата Ројтерс ова е трета рација насочена кон муслиманските места на богослужба во Москва и Санкт Петербург оваа година.
Таа следува откако претседателот Владимир Путин издаде наредба за сузбивање на радикалните исламисти во пресрет на Зимските олимписки игри следната година во Сочи. Путин изјави дека "борбата против корупцијата, криминалот и бунтот мора да се спроведе доследно и остро."
Додаде дека ситуацијата во Северен Кавказ треба да се држи под одредена контрола.