Градоначалникот на чело на геј парадата во Сплит

Повеќе од 500 учесници на третата Геј парада во Сплит учествуваa во поворката низ централните градски улици, а која ја предвoдеше сплитскиот градоначалник Иво Балсадар од Социјалдемократската партија. Меѓу учесниците беа и потпретседателката на Владата Весна Пусиќ и министерот за државна администрација Арсен Баук. Собирот чие мото е потполна рамноправност на половите го обезбедуваа неколку стотици полицајци. Агенциите јавуваат дека засега парадата поминува без инциденти. Од здружението Контра кое е организатор на собирот, порачаа дека од надлежните органи бараат конкретни чекори и мерки со кои ќе се осигура потполна рамноправност на истополовите семејства со другите.