Лидерот на турските Курди ги одобри протестите против Ердоган

Лидерот на турската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан ги одобри антивладините протести, кои веќе осми ден ја потресуваат Турција. Неговото одобрение доаѓа и покрај преговорите, кои тој ги води со турските власти. Оџала меѓутоа, ги повикува демонстрантите да не дозволат да бидат искористени од националистички средини или луѓе кои сакаат да извршат преврат. Тој ги повика демонстрантите да ги прифатат со „широко отворени раце“ демократските, револуционерните и прогресивните сили во Турција.
Во однос на мировниот процес, кој тече неколку месеци меѓу ПКК и Анкара, Оџалан изјави дека лично тој ги исполнил задолженијата и повеќе од тоа.