Нападнат италијански конвој во Авганистан

Италијански војник е убиен, а тројца други се повредени во напад во западен Авганистан. Италијанскиот министер за одбрана изјави дека нападот се случил рано изутрина во покраината Фарах. Војниците биле убиени при напад на возилото во кое се наоѓале. Засега не се соопштуваат други детали. Портпаролот на провинциската влада во Фарах изјави дека еден човек фрлил граната во италијанскиот конвој. По ова бројот на меѓународни војници убиени во Авганистан се искачи на 13 овој месец.
Талибанските бунтовници ги интензивираа нападите низ земјата откако авганистанските сили ја презедоа одговорноста за националната безбедност во пресрет на планираното повлекување на странските војници следната година.