47 мртви во подметнат пожар во Кина

Четириесет и седум лица загинале во пожар во автобус во југоисточниот дел на Кина, а случајот е под истрага за "сериозно кривично дело."
Официјалната новинска агенција Ксинхуа јавува дека автобусот се запалил за време на сообраќаен метеж во крајбрежниот град Ксиамен.
Триесет и четири лица биле хоспитализирани.
Полицијата соопшти дека осомничениот за пожарот бил идентификуван и оти е постигнат значителен напредок во истрагата.
Пред неколку дена во пожар во живинарска кланица во североисточниот дел на Кина загинаа 120 лица. Властите соопштија дека безбедноста во фабриката била на најниско ниво и уапсија двајца високи извршни директори.