Четворица мртви во вооружен напад во Калифорнија

Вооружен напаѓач убил најмалку четири луѓе во западноамериканската држава Калифорнија, по што бил застрелан од полицијата. Властите соопштија дека дивеењето започнало во куќа во Санта Моника, која откако ја запалил, напаѓачот продолжил кон локалниот универзитет. Полицијата соопшти дека напаѓачот, човек облечени во црно, убил две лица во куќата, а потоа уште две во училиштето. Насилството се случило недалеку од местото каде што претседателот Барак Обама присуствувал на политички настан за собирање средства.