Обама и Џинпинг ги почнаа дводневните разговори

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека го поздравува "мирниот подем" на Кина, откако тој и кинескиот претседател Кси Џинпинг ги почнаа дводневните разговори во Калифорнија. Обама го угости својот колега во луксузниот имот во јужна Калифорнија.
Тој дека се надева оти заедно со Кина ќе работат на виртуелната заштита,прашање кое го создаде судирот помеѓу двете земји. Обама соопшти дека и покрај неизбежните области за тензии, двете земји сакаат кооперативни односи. Кси изрази надеж за продлабочување на соработката, велејќи дека Кина и САД може да изградат нов модел на билатерални односи.