Путин нуди руски мировници на Голанската Висорамнина

Голанската Висорамнина, 06.06.2013

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја е подготвена да ги замени австријските мировници на Голанската Висорамнина, откако Виена соопшти дека ги повлекува своите војници од контингентот на Обединетите Нации. Австријската влада се реши на ваквиот чекор поради заострувањето на борбите меѓу сиријските владини сили и бунтовниците.