Рогозин: американскиот штит нема да ги задржи новите руски ракети

Дмитриј Рогозин

Рускиот заменик министер за одбрана Дмитриј Рогозин изјави дека планираниот американски одбранбен штит нема да може да ги задржи новите руски интерконтинентални балистички ракети.
Рогозин додаде дека Москва ќе продолжи да работи врз подобрување на своето оружје за да има целосна слобода на дејствување во одбрана од агресија.
Новите руски ракети вчера беа тестирани успешно од мобилен лансер во Астрахан.