Најмалку 7 грузиски војници загинаа во Авганистан

Хелманд

Најмалку 7 грузиски војници загинаа кога бомбаш самоубиец детонирал експлозив во помал камион во јужен Авганистан. Како што потврдија коалиционите сили и грузиските власти, тоа се случило синоќа во провинцијата Хелманд кај Навзад. Во сличен инцидент таму минатиот месец загинаа 13 војници од бившите советски републики. Досега вкупно во Авганистан служејќи во мисијата ИСАФ, загинаа 30 грузиски војници.