Франција бара ослободување на двајцата репортери во Сирија

Француски претседател Франсоа Оланд

Француски претседател Франсоа Оланд повика двајцата француски новинари кои исчезнале во Сирија. Француската радио станицата Европа 1 соопшти дека новинарот Дидиер Франсоа и фоторепорерот Едуард Елиаш се водат за исчезнати од четвртокот. Тие, наводно, се упатиле кон северниот сириски град Алепо.
Засега не е јасно кој ги држи новинарите, а Претседателот Оланд одби да даде дополнителни информации за да не ги загрози нивните животи.
Според податоците на Репортери без граници, од почетокот на востанието против режимот на Башар ал-Асад во март 2011 година, најмалку 24 новинари, вклучувајќи и неколку странци, се убиени во Сирија.