Раздвижување на разговорите меѓу Северна и Јужна Кореја


Сeверна Кореја продолжи да ги одржува разговорите на пониско ниво со својот ривал, Јужна Кореја во севернокорејскиот пограничен град Коесонг. Тие исто така најавија дека ќе ги обноват контактите преку Црвениот Крст што Северот ги затвори во март во текот на високите тензии. Двете држави се согласија исто така и за рестартирање на заеднички фанрички комплекс. Олеснувањето на тензиите му претходи на одржувањето на самитот Кина – САД на кој Северна Кoреја се очекува да биде главна тема.