Ердоган продолжува-протестите се нелегални и треба да престанат

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган утринава се врати во Турција од посетата на Африка, при што во Истанбул го пречекаа илјадници негови поддржувачи. Тој даде изјава во која вели дека протестите се граничат со нелегалност и дека треба да веднаш да престанат. Илјадници демонстранти синоќа повторно се собраа на плоштадот Таксим барајќи оставка од премиерот Ердоган. Ова е седми ден од протестите.