Најмалку петмина загинати во серија напади во Ирак

Ирачките власти соопштија дека во неколку денешни напади, меѓу нив и со автомобил бомба, загинале најмалку пет луѓе во Багдад, додека дваесетина други биле ранети. Ваквите напади зачестија во Ирак во изминативе неколку месеци. Според податоците на Обединетите нации, само во мај загинале илјада цивили. Тоа бил најсмртоносен месец во Ирак од 2008 година.