Ердоган не се откажува од реконструкција на плоштадот Таксим

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека не се отакжува од плановите за градење во Истанбул и покрај протестите против реконструкција на плоштадот Таксим. Во изјавата дадена во Тунис тој оцени дека во насилните демонстрации биле вклучени и терористи и оти неколкумина од нив биле уапсени. Тунис беше негова последна дестинација во четиридневната турнеја во Северна Африка. Протестите почнаа во Истанбул, но откако беа насилно растурени од полицијата се проширија и во Анкара и во други градови низ земјата при што се бара оставка на владата на Ердоган.