Братислава - Водостојот на Дунав денеска на максимум

Дунав

Западните предградија на Братислава денеска се под вода. Главниот град на Словачка е зафатен од поплавите кои се шират од Централна Европа.
Нивото на Дунав е значително подигнато и и денеска се очекува максимумот на водостојот, но по преземените мерки, властите се надеваат дека најлошото ќе биде избегнато.