Денеска во Скопје - „ Стоп за полициска бруталност“

Денеска во Скопје ќе биде одржан собир со кои ќе се одбележи двогодишнината од протестите против полициското насилство.
Повод беше убиството на Мартин Нешкоски. На собирот „Стоп на полициската бруталност“ и прес конференцијата ќе бидат соопштени заедничките активности од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Граѓанското движењето „Стоп на полициската бруталност“, Здружението „Плоштад Слобода“ и семејството Нешкоски.