Владата ќе понуди нов текст на Законот за медиуми

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, на денешната јавна расправа за Законот за медиуми, најави дека ќе биде изработен нов нацрт-текст, со вградените забелешки. Ивановски не прецизира кога новиот текст ќе биде доставен до Парламентот. Инаку, на денешната расправа, новинари, медиумски работници и други засегнати, ги искажуваа своите забелешки и нудеа конкретни предлози за Законот за медиуми, но и можеа да се слушнат и меѓусебни обвинувања.