Сузан Рајс ќе биде нов советник за национална безбедност

Претставници на Белата Куќа соопоштија дека американскиот советник за национална безбедност, Том Донилон си поднел оставка, а на негово место ќе биде наименувана американската амбасадорка во Обединетите Нации Сузан Рајс. Рајс е близок политички сојузник на претседателот Барак Обама, а опозиционите републиканци се нејзини жестоки критичари, главно поради нејзиното несоодветно информирање за ланскиот напад врз американската мисија во либијскиот град Бенгази, кога беше убиен и тамошниот американски амбасадор.