Руската полиција во акција против илегални имигранти

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Подземна фабрика и живеалиште во Москва

Московската полиција упасила над 200 илегални имигранти, кои ги пронашла во подземно засолниште во кое имало и текстилна фабрика каде што работеле. Во подземјето на еден пазар во Москва, илегалните работници и живееле, а имало и ресторан, кино и казино. Во одвоена акција, во градот Обнинск, во близина на Москва, руската полиција пронашла околу 450 илегални имигранти од Виетнам, кои исто така живееле и работеле во текстилна фабрика во напуштен хангар.