Пожар во московското метро

Пожар во една станица на метрото во Москва беше причината за евакуација на неколку илјади луѓе и за привремено затворање на подземната железница во рускиот главен град. Според Министерството за вонредни ситуации, имало и триесетина повредени. Пожарот бил предизвикан од дефект на електричен кабел и бил изгаснат.