Во Брисел продолжува дијалогот Белград, Приштина

Во Брисел денеска ќе почне нова дводневна рунда од техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина за имплементација на спогодбата за нормализирање на односите, а главни теми ќе бидат полицијата, правосудството, електричната енергија и телекомуникациите. Претходната рунда за ова прашање заврши минатата недела со мал напредок, но без договор за повеќе прашања во рамки на спогодбата. На 19 април во Брисел премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи со посредство на Кетрин Ештон потпишаа спогодба за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.