Поплавите во Чешка под контрола

Поплавите во Прага се смируваат, а сега големите води се опасност за северо-западните делови на земјата. Чешките власти тврдат дека најлошто е поминати, но оти нивото на водите ќе остане високо уште неколку дена. Започнува утврдувањето и санирањето на последиците. Се проценува дека се причинети штети од околу 2 милијарди долари. Големи поплави деновиве имаше и во Германија, Австрија и Швајцарија.