Уставниот суд не поведе постапка за промената на имињата на улиците

Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за определување и промена на имиња на улици, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје, донесена од Советот на Град Скопје на 14 јуни 2012 година. Одлуката беше оспорена од скопјанецот Слободан Близнаковски од аспект на постапката на донесувањето, односно дека пред да се донесе Одлуката од Советот на Градот не биле обезбедени мислења од сите 10 општини од подрачјето на Градот и дека некои од донесените мислења од општините до Градот биле дадени од ненадлежен орган, а не од Советот на општината.