Ахмети: Заев да помогне во отстранување на пречката со Брисел

„Се надевам дека ќе придонесете за конструктивен приод на СДСМ кон засилување на демократијата во Република Македонија, градење на здрави меѓуетнички односи, политички дијалог, како и решавање на клучните прашања за Македонија кои ни го попречуваат патот кон зачленување во НАТО и добивање на датум за започнување преговори за членство во Европската Унија“.

Ова е пораката на Претседателот на ДУИ Али Ахмети во честитката до Зоран Заев по повод неговиот избор за лидер на СДСМ.
Ахмети изразува надеж дека а дека Заев на чело на најголемата опозициона партија ќе придонесе за ;како што наведува, „конечно остранување на пречката која што стои помеѓу нас и Брисел“.